Wednesday, 17 August 2011 09:03 Занимливости

Американката Сара Роудс преку порака на Фејсбук ја пронашла својата биолошка мајка 34 години откако што на паркиралиштето во болница во Лонг Ајленд ја киднапирале илегални посвоители...


Имено, Кетлин Роудс, мајката на Сара, затруднела како осумнаесет годишна девојка и од страв и млада незрелост одлучила своето бебе да го даде на посвојување. Кетлин се јавила на број на огласник кој нудел посвојување и своевиден „бег од пробемот“ за младата мајка каква што била Кетлин Роудс.

Штом го свртела бројот под кој пишало да ја „бара сестра Марија“, личноста од другата страна на линијата веднаш прашала каква раса се, бојата на косата и очите на родителите на детето. Мислејќи дека се работи за калуѓерки кои се грижат за случаи како нејзиниот, Кетлин во почетокот во ништо не се посомневала.

Неколку дена по раѓањето на Сара, мајката и ќерката се пуштени од болницата на чиј паркинг е направена „размената“. Имено, жената која се претставила како сестра посвоителка, ја киднапирала Сара од рацете на мајка и и побегнала со автомобул. Недолго потоа, Сара е предадена на нејзината вистинска посвоителка, 32 годишна која многу сакала дете и која наводно платила околу 10.000 долари.



Сара минатата година започнала потрага по својата биолошка мајка, откако се шокирала со откитието за Феничел кој во ’70-тите и ’80-тите години киднапирал стотина деца за да заработи на нив, буквално продавајќи им ги на посвоителите. Го фатиле во 1988 година, заедно со уште неколку личности со кои Феничел „работел“. Иако оптужницата која им била ставена на терет имала преку 140 точки, сите по договорот избегнале затворска казна.

Кетлин Роудс им раскажа на новинарите како секоја година на 18 јуни заедно со своите четири ќерки и татко и на Сара, Лери, го славела роденденот на својата исчезната ќерка која преку порака на Фејсбук успеала да ја пронајде по речиси повеќе од три децении оддвоеност.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...