Monday, 15 August 2011 09:02 Занимливости

Почнало пред шест години во Луга како предизвик, а денеска преминало во традиција и тоа со меѓународни гости...


Темата на овогодинешниот Land Art фестивалот за слама е циркус, а најголемата скулптура беше запалена на синоќешното затварање. Сламата во циркусот не е тешко да се најде, но циркусот од слама постои само на едно место - Барањи. „Бидејќи овогодинешната тиема беше циркус и сето тоа беше окарактеризирано како еден чукнат танц, малку циркуска шашавост, малку иронија која не опкружува“, рече Игор Бркич од Крижевац.



Уметниците на тој начин ателјето го заменуваат со полиња. „Со сламата може да се работи ако се внимава на одредена техника; прво треба да ја почитувата, а потоа со неа можете да правите што сакате“, рече Ерих Фалер, заменик претседател на здружението „Слама“. „Тоа не е типичен кипарски материјал, но мислам дека не го нагрдивме ова поле со оваа слама, туку дека направивме добра работа“, рече Игор.



Четири илјади бовчи сено беа претворени во мноштво скулптури од страна на 27 уметници, како на пример велосипеди, новозеладнски киви или циркузанти.



Покрај презентерите, задоволни се и посетителите: „Ние доаѓаме секоја година и секогаш има нешто ново. Оваа година е овој циркус, прекрасно е и ми се допаѓа“, рекоа едни посетители. Циркузот од слама ќе ја продолжи традицијата на „Слама“ и една од скулптурите на синоќешното затварање била запалена. Другите скулптури од слама ќе бидат вратени во природата и ќе им бидат послужени како оброк на животните.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...