Monday, 15 August 2011 08:09 Занимливости

Списанието Entertainment Weekly го прогласи Лестат од филмот „Интервју со вампирот“ за најдобар вампир на сите времиња...


Иако „светот се врти“ околу крвопијците од „Самрак“ сагата, американското списание Entertainment Weekly го прогласи Лестат, кој во филмот „Интервју со вампирот“ го глумеше Том Круз, за најдобар вампир на сите времиња.

По Лестат, на листата на „20 најдобри“ следат гроф Дракула и Едвард Кален.



Филмот „Интервју со вампирот“ е снимен по истоимениот роман на Ен Рајс од 1976 година. За главната улога е избран Том Круз што кај љубителите на романот предизвика негативни реакции.

Покрај тој факт, списанието го прогласи за најдобар вампир било кога, затоа што е „шармантен и секогаш во тренд, без разлика на тоа во кој век живее“.

На второто место на листата се наоѓа гроф Дракула на Кристофер Ли од филмот „Дракула“ (1958), на трето место повторно Дракула, но интерпретацијата на Бела Лугоси од 1931, додека Едвард Кален од „Самрак“ сагата е на четврто место.



По него следуваат Бил Комптон (Стивен Мојер) и Ерик Нортман (Александар Скарсгард) од серијата „Вистинска крв“.



На шесто место се наоѓа Аса Вајда од филмот „Црна недела“, на седмото Ејнџел од серијата „Бафи, убиецот на вампири“, на осмото е господинот Барлоу од серијата „Салем“ од 1979 година, на девето место е Шајлер ван Ален од серијата романи „Сина крв“, а на десето место е Дракула кој го играше Гери Олдман во филмот на Френсис Форд Копол од 1992 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...