Се што мажот и жената ќе одлучат во врска со својот брак е важно, дури и самиот датум на венчавката...
Соберете го месецот, денот и годината на вашето венчавање и сведете го тој збир на едноцифрен број. Пример 20 јануари, 2003 година (20 + 1 + 2003 = 2024; 2 + 0 + 2 + 4 = 8).

Датум на венчавање 1
Со овој датум владее сонцето. Периодот забавување бил незаборавен, а и самата средба била многу романтична. Изборот токму на овој датум на венчавање укажува на тоа дека сте биле многу заљубен и нежен пар, дека тежнеете кон потполно соединување со брачниот партнер.
Датум на венчавање 2
Емоционалната зрелост ќе биде важне фактор за успех на овој брак. Во секој случај, немојте да се изненадите ако сите пуштат по некоја солза на вашето венчавање, затоа што сите ќе бидат многу трогнати. Причината за склопување на овој брак со кој владее Месечината најверојатно е желбата за семејство и топлината на домот, или желбата да се најде сродна душа која сака деца или е во состојба да прифати деца од претходен брак и да се обиде да им обезбеди родителска љубов. Ако се децата единствената причина за склопување на овој брак, можеби е подобро уште еднаш да ја преиспитате својата одлука.
Датум на венчавање 3
Ако не се шегувате кога велите дека сакате да склопите брак од интерес, тогаш вам овој венчан ден број 3 совршено ви одговара. Ако очекувате многу од бракот, спојот број 3 ви гарантира разочарување. Во оваа врска под владеење на Јупитер, веројатно ќе се родат многу деца, а семејните собири ќе претставуваат важен дел од вашиот жиовт.

Датум на венчавање 4
Ако сте размислувале за сите обврски и одговорности кои ги носи бракот и внимателно сте ги одмериле сите „за“ и „против“ оваа важна одлука, веројатно сте го избрале денот број 4 за својата венчавка. Значењето на овој датум е верност до гробот. Парот споен во брачна заедница на овој ден може да функционира заедно, да ги оствари сите свои цели. Без разлика дали се работи за купување куќа или започнување на семеен бизнис, се што ќе правите претходно внимателно ќе го испланирате. Потребата за сигурност понекогаш е главна мотивација за опстанок на бракот. Да пуштите корени, да го продолжите семејното име, да изградите иднина - се некои од фразите кои се врзуваат за опстаник на оваа брачна заедница со која владее Сатурн.
Датум на венчавање 5
Ако сте го избрале овој датум за свое венчавање, значи дека акцент сте ставиле на квалитето на комуникација која ја имате со својот партнер, иден сопружник. Оваа врска мора да се бори против здодевноста. Везата ќе обилува со патувања или промена на местата на живеење. Младите луѓе кои рано се венчаваат и си помагаат едни со други за време на студиите, оставајќи акцент и заинтересираност за светот околу себе, се вистински пример за овој брак со кој владее Меркур.
Датум на венчавање 6
Ако сте го избрале токму овој датум за вашето венчавање, сте го добиле благословот на Венера за својата брачна заедница. Љубов, нежност, мир и среќа се обележје на овој брак, иако тоа не значи дека оваа заедница има ангели чувари, туку и самите партнери мораат да водат сметка за тоа што рпават и да ја чуваат својата врска од искушенија. Напротив, може дури да значи дека постои потреба брачните партнери да се трудат повеќе од останатите за да го остварат тоа што сакаат, затоа што бракот е најважната работа во нивниот живот. Овој брак е под владеење на Венера, која овозможува помирување во секоја ситуација. Бидете идеалисти, нека вашата љубов биде природна.

Датум на венчавање 7
Ако сте го избрале овој ден за свое венчавање, бидете спремни за измена на плановите во последен момент. Иако бројот 7 укажува на изненадување во секојдневната рутина, може да укажува и на спас во последен момент. Од друга страна, Уран влаее со случајот, а неговиот број 7 може да означува и грешки и немудри одлуки. Ова може да биде венчален ден за кој се одлучуваат личностите кои немаат исто потекло, иста вера или иста националност.
Датум на венчавање 8
Овие партнери се разбираат со погледи, па така е и при првата средба; на двајцата веднаш им било јасно дека се како создадени еден за друг. Ќе бидат успешни во заедничката работа, но и во секој друг поглед ќе бидат сложни како пар. Ова, исто така, може да биде брак на двајца луѓе кои се жртвуваат за кариерата на својот партнер, воодушевувајќи се на храброста која партнерот ја покажува фаќајќи се во тесно со предизвиците на својата професија.
Датум на венчавање 9
Ако за денот на вашата венчавка сте го избрале овој датум, можеби сакате вашиот брак да остане тајна. Под влијание на Нептун, можно е едната страна да се одлучи за бегање од дома поради склопување на бракот. Меѓу партнерите постои цврста духовна врска, без разлика дали тие се свесни ли несвесни за тоа. Бракот склопен на овој ден е судбински, иако се чини дека сите биле против него и дека ни другите околности не му одиле во прилог. Можно е да се работи за брачна врска во која двајцата партнери имаат некаква пречка, од емоционална или физичка природа, која сакаат да ја поминат со помош на брачниот партнер. Ако се потребни жртви, тогаш тие се направени од љубов.