Saturday, 13 August 2011 09:28 Занимливости

NextMovie ги праша фановите која романса била поепска: таа на Рон и Хермиона од „Хари Потер“ или онаа на Едвард и Бела од „Самрак“? Од 170.000 гласови, 59% одговориле дека романсата на Рон и Хермиона е многу поепска...


Тие двајцата се соочија со дементори, џиновски пајаци и проколнати Хоркрукси. Дури и се бореа со Смртојадите, басилискот, па и самиот Лорд Волдеморт. Но, сега хероите од „Хари Потер“, Рон Визли и Хермиона Гренџер ги поразија најтешките соперници досега: обожавателите на „Самрак“!

Официјалните резултати од анкетата која требаше да докаже чија романса е поепска, таа на Рон и Хермиона или другата, на Едвард и Бела, со повеќе од 170.000 гласови, трката не беше ни близу, така што Рон и Хермиона ги срушија Едвард и Бела од „Самрак“ со 59% наспроти 41%.



Уште од почетокот на анкетата, во јули, фановите и на двата парови правеле се што можат со свои сили за да победи токму парот кој тие го избрале како најдобар, меѓутоа со повеќе од половина од гласачите, Рон и Хермиона дефинитивно се победници на NextMovie.

Но, не грижете се Едвард и Бела, можеби ќе добиете уште некоја шанса, затоа што сте вампири, а вампирите се бесмртни. Сепак, треба малку повеќе време од неколку месеци за да се развие вистинска епска љубовна приказна, како онаа на Рон и Хермиона.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...