Thursday, 11 August 2011 10:43 Занимливости

Анталија, Камери, Белек и Сиде - тоа се летувалишта кои зeмаат една третина од плажите во Турција, која е една од  10-те најпосакувани земји за летување...

Многу од најубавите места сеуште не се популарни и познати.



Олодениз

Оваа плажа над која постојано кружат параглајдери, се наоѓа само 9км. од одморалиштето Фетхие. Името во превод од турски значи "Мртво море". Плажата се наоѓа на тивок залив на брегот, опкружен со планини. Заливот е поврзан со морето со тесен канал, благодарение на каналот дури при силна бура водите на Олодениз се мирни и тивки.



Втората важна работа после сончањето и капењето е параглајдерството. Почетната точка на параглајдерите е планинскиот врв Бабадак кој го користат како почетна точка за летовите. Од височина од 500 метри можете да ја видите не само лагуната, чии бои одблеснуваат во сите нијанси на сино, туку и грчкиот остров Родос. За оние кои немаат искуство и се плашат од височините се вршат и тандемски летови .



Патара

Една од најдобрите туристички плажи се крие недалеку од ретката туристичка населба Патара. Кејот е покриен со бел песок и со должина од 20 километри.
Населбата Патара е основана пред илјадници години и некогаш било главно пристаниште на античка Ликија. Според сознанието овде се родил Свети Никола( подоцна претворен во Дедо Мраз) На 1.5 км јужно од Патара се наоѓаат интересни антички урнатини- на пример амфитеатар, триумфалната капија и урнатините на античка базилика.



Олимпос

Додека повеќето популарни турски летувалишта се полнат се повеќе и повеќе со туристи, Олимпос останува тивко провинциско градче. Овде, само на 80 километри од Анталија, можете да најдете пријатен хотел, но не и продавници или други знаци на напреднатата цивилизација.

Секако разгледајте ги римските и средновековните урнатини и прошетајте низ боровите шуми. Двете нешта мирно се комбинираат во Олимпос, бидејќи мермерните урнатини се наоѓаат токму во шумата. Можете да го видите и "Химиера" - место каде што од земјата извира природен гас, кој гори со светол пламен и ноќе се гледа оддалеку од морето. Морнарите во древните времиња мислиле дека тоа претставува оган од ужасно чудовиште. Пламенот гори неделеку од Олимпос, на височина од 300 метри.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...