Класика како ванилата и чоколадото? Лимон, кој не е за секој вкус? Сигурно имате свој омилен вкус на сладолед кој можете да го лижете во секое време од денот и годината, а всушност таа најсензуална намирница открива какви сте во сексот и што очекувате од партнерот...

ВАНИЛА
Сладоледот од ванила е класика во светот на сладоледите и веќе со години е еден од најпопуларните. Но, што тој открива за вашите сексуални желби? Ако го обожавате овој познат вкус тогаш сте личност која цврсто стои со нозете на земјата. Како што сакате класичен сладолед, исто така најчесто преферирате класичен секс. Не сте љубители на експерименти во креветот, а предлогот за секс на отворено или на необични места речиси секогаш ќе го одбиете. Но, тоа не значи дека сте здодевни во креветот. Љубителите на ванилата секогаш се нежни и секогаш во потрага по вистинската љубов.

ЧОКОЛАДО
Чоколадото е исто така популарен како и ванилата. Но, за разлика од белата ретро класика, постојат голем број на чоколаден сладолед. Класичен, горчлив, со чоколадни трошки, карамела, оревести плодови... Љубителите на чоколадниот сладолед се страствени луѓе кои сакаат да уживаат - како во храната и во добрите вкусови, така и во љубовта и во сексот. Љубителите на чоколадото имаат седмо сетило кога станува збор за потребите на другите. Тие се предани и издржливи љубовници.

ОРЕВ, ЛЕШНИК, БАДЕМ
Ваквите сладоледи тешко се комбинираат со други видови, затоа што љубителите на ореви го сакаат само овој вид на сладолед. Во љубовта кон оревите, љубителите на истите се верни души. Секс со различни партнери едноставно не е за нив. Станува збор за романтичари, секогаш фиксирани на акутелниот партнер, а изневерувањето никогаш не доаѓа во обѕир. Се смета дека имаат изразена семејна црта.

СТРАЧАТЕЛА
Страчателата е лукава - таа не е ниту ванила, ниту чоколадо. Веројатно тоа е причината за нејзината популарност, затоа што не мораме да се одлучиме само за еден вид сладолед - добиваме две во едно. И се разбира, колку поголеми парчиња чоколадо, толку подобар сладолед. Љубителите на страчателата се доста неодлучни. Ним им е потребна разновидност во креветот. Обожаваат различни секс пози и не можат да издвојат една која им е најомилена. Зошто и да бираат кога ги има повеќе? Обожаваат варијации на разни секс теми. Кога љубовта е во прашање, остануваат верни и предани, ако добиваат доволно слободен простор за себе.

ЛИМОН
Не постои сладолед кој е поосвежувачки за летото, од сладоледот од лимон. Истакнатиот кисел вкус на овој десерт е вистински предизвик за нашето непце. Љубителите на лимон често сонуваат, а тоа го прават и кога сексот е во прашање. А кога станува збор за избор на партнер, често не можат да одлучат. Сепак, кога ја сретнуваат вистинската љубов, се предаваат. Со љубителите на лимон еротиката секогаш е во игра.

КАФЕ, КАРАМЕЛА, ПУНЧ
Оние кои ги сакаат овие вкусови секогаш им се предани. Кафето, карамелата и пунчот за нив се вкусови без конкуренција. Љубителите на кафе се прагматични, а такви се и во љубовта. Не сакаат експериментирање, а можат да се налутат ако партнерот предложи нешто ново и необично. Тие љубовта повеќе ја бараат на интелектуално ниво, отколку на еротско.