Thursday, 04 August 2011 09:09 Занимливости

Во Лондон, трговските куќи Harrods и Selfridges, на купувачите им пружат снежна, божиќна атмосфера, иако надворешната температура е 30 степени целзиусови...


Странските државјани кои престојуваат во Велика Британија и жителите на Лондон малку се затекнати, но им се допаѓа идејата во бермуди и маички со кратки ракави да шетаат низ „снежниот свет“ на трговските куќи.

„Влеговме во трговската куќа да видиме што се нуди и можам да кажам дека малку бевме затекнати кога видовме елки, божиќни слатки и украси“, рече Мариен Лиди, туристка од Белгија.

Таа додаде дека идејата и се допаѓа, но дека е премногу рано за божиќно купување, со обѕир на тоа дека до Божиќ, кој во Велика Британија се прославува на 25 декември, има уште 144 дена.



Менаџерот на секторот за Божиќ во трговската куќа Selfridges, Жералдин Џејмс вели дека продажбата на божиќни украси и слатки почнала толку порано за да се искористи тоа што во Британија дошле многу луѓе од странство - Кина, Средниот Исток и САД.

„Туристите од САД се просто воодушевени и купуваат украси“, истакна таа.

Но, не се само американците тие кои сакаат рано да почнат со купувањето. Има и британци.

„Многу, многу е рано за божиќно купување. Но, прочитав во весникот каква гужва станува со наближувањето на овој празник. Малку размислив и одлучив да дојдам“, објасни Гај Бејкер, кој во Лондон дошол дури од Јоркшир, на северот од Англија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...