Friday, 29 July 2011 09:54 Занимливости

Однесувањето на жените на работното место од голема мера зависи од атмосферата како и од бројот на машки колеги, покажува студијата на Американското здружение за менаџери, во која 95% од жените изјавиле дека во текот на својата кариера имале проблем со друга колешка, односно шефица...


Психолозите од унверзитетот Лиден во Холандија кои учествувале во изработката на оваа студија, се обиделе да објаснат зошто жените една кон друга покажуваат нетрпеливост на работното место.

Тие дошле до заклучок дека ако жената се занимава со професија која е традиционално „женска“, помали се шансите шефицата да и прави проблеми. Меѓутоа, во компанијата каде што доминираат мажите, ситуацијата е целосно поинаква.

Малтертирањето на подредените колешки психолозите го нарекуваат „синдром на пчела матрица“, кој е препознатлив по недостаток на разбирање и сочувствување со колешките, додека истовремено на мажите им се даваат бенефиции.



Психологот Кери Купер од холандскиот универзитет Лиден смета дека „пчелите матици“ подобро се чувствуваат работејќи со мажи затоа што така навикнале.

„Имено, ‘пчелата матица’ е жена која својата кариера ја изградила во амбиентите во кои доминираат мажите, а за да успее и да се прилагоди, мора да освои некои машки особини“, објаснува Купер.

Тој додаде дека „пчелите матици“ морале напорно да работат за да успејат, па затоа сакаат и другите жени да поминат низ истата тортура.

Од друга страна, тие со доминантно однесување се обидуваат да ги ограничат амбициите на другите жени, за да не ја загрозат нивната позиција која е добиена со мака, објаснуваат професионалците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...