Friday, 22 July 2011 11:36 Занимливости

Одморот на море не треба да вклучува само лежење на плажа под некоја палма...

Добредојдени се и бавните прошетки по убави улици и вечерните излегувања по крајбрежните булевари.

Јахти во Монако, тврдините на Азурниот брег, виното на островот Санторини, маслинови градини во Сицилија.

Во неколку последователни материјали ќе ви ги претставиме најатрактивните места за одмор на море во Европа.

Мајорка - ѕвезди, кристална вода

Овде се упатуваат многу познати личности кралот на Шпанија Хуан Карлос со своето семејство, Шопен заедно со Жорж Сенди, принцот Чарлс со принцезата Дијана, Мајкл Даглас, Мик Џегер. Не грижете се за ништо - најголемиот дел од Балеарските острови сигурно ќе бидете на добро место. Можете дури и да имате шанса да сликате со апаратото и некоја позната личност.

На Мајорка има место за сите - новопечени богаташи, студенти и семејства. Само да го изберете внимателно соодветното одморалиште - младинските и ефтини летувалишта се наоѓаат блиску до главниот град на островот Палма де Мајорка. Во месноста Арсенал нема скапи хотели, а веселите забави течат деноноќно.

Местото Палма Нова е погодно за семеен одмор - тука има многу пријатни кафулиња и паркови. Деи е минијатурен град во планините, каде што сакаат да престојуваат претставниците на творечката интелигенција, особено уметниците. ОД градот можете да стигнете пешки до неверојатно убав залив само за половина час.

Вештачките бисери се извезуваат најчесто од Мајорка. Се прават по специјална локална технологија. Затоа овде ќе имате богат избор меѓу различни продавници за бижутерија со бисери од висок квалитет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...