Thursday, 21 July 2011 05:43 Занимливости

Венчавката е свечена пригода каде што постојат одредени правила во однесувањето. Иако мислиме дека е логично на нечија венчавка да не облечеме бело или добро да се напиеме, ќе се изненадите колку пати тие работи навистина се случуваат. Токму поради тоа ви ги прикажуваме 9-те начини на кои можете брзо и лесно да уништите нечија венчавка и притоа добро да се засрамите, но не како поттик за да го направите тоа, туку како предупредување...


1. Зборување за време на церемонијата

Неартикулирани звуци, кикотење или длабоки разговори за време на церемонијата на венчавање навистина не се примерни.

2. Пикање на прстите во тортата

Верувале или не, но вакви работи се случуваат. Пробување на кремот од свадбената торта никако не е примерно затоа прстите задржете ги на вашето парче во чинијата.

3. Облекување во бело

Без оглед на годишната возраст и вашата голема љубов кон белата боја, никако, навистина никако не смеете да облечете бел фустан на нечија венчавка. Невестата со месеци се подготвувала за оваа случка, па затоа бидете паметни.



4. Лов на мажи

Свадбите навистина се идеални места за запознавање на мажи, но дури и да ја пронајдете својата „сродна душа“, воздржете се од менување на страстите на подиумот за танцување или во тоалетот.

5. Превземање на главните зборови

Ако планирате на микрофонот со гостите да поделите неколку зборови за невестата или младоженецот, добро размислете што ќе кажете. Никого не го интересираат вашите авантури од младоста или алкохолните забави кои завршиле прилично непријатно. Бидете кратки и јасни.

6. (Пре)голема количина на алкохол


Со свадбата доаѓа добра храна и некоја чашка повеќе. Но, постои граница која никако не би требало да ја поминете. Не дозволувајте си да станете предмет на исмејување или тема за која сите ќе зборуваат следните неколку години.



7. Полевање пијалок врз невестата

Скапиот бел фустан за кој невестата размислувала последните неколку месеци или години и одвај дочекала да го облече би требал да остане предмет на воодушевување. Иако непријатности се случуваат, обидувете се однапред да ја спречите непријатноста. Чашата оставете ја на масата, каде што и е местото.

8. Флертување со келнерот

Можеби звучи необично, но ситуацијата во која поднапиена гостинак го фаќа келнерот за рака и го влечка на подиумот за танцување не е ништо ново. Освен што ваквата ситуација е непријатна за вработениот кој би можел да има сериозни проблеми со надредените, и вие се пезите пред останатите гости.

9. Нарачување на песни само за ваша душа


На сопствената венчавка вие ќе ја изберете музиката, но на туѓата прифатете ги желбите на младите. Нарачајте песна за младите или за партнерот, но оставете го бендот или диџејот да ја работи својата работа без непријатности.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...