Saturday, 16 July 2011 08:30 Занимливости

Писмото во кое една американска студентка од Пенсилванија му се заколнува на својот дечко на „вечна љубов“ стигнало на посочената адреса... но 53 години подоцна...

Љубовната порака, напишана уште во 1958 година, засега чека во поштата на универзитетот во Калифорнија, затоа што службениците и понатаму се обидуваат да стапат во контакт со личноста за која било наменето, извесен Кларк Мур кој сега има околу 70 години и живее во друга држава.

Писмото, пратено од Питсбург на 20 февруари 1958 година, стигнало во универзитетската пошта минатата недела, изјави претставничката на универзитетот Кристин Киндл.

„Никој не знае зошто на писмото му требало толку време да стигне и каков пат поминало“, рекла таа.

Писмото, адресирано до Кларк Мур, тогаш студент во прва година, освен повратна адреса не содржи многу информации за личноста која се потпишала „Засекогаш твоја, Вони“.

„Тоа е тип на писмо кои девојките и денеска им ги праќаат на дечковците кои заминале на студии“, рекла Киндл, наведувајќи го делот во кој Вони на својот сакан му порачува дека и „недостига повеќе од било кога“ и дека моли „што побргу да одговори“.

Дали денеска нешто би било малку поинакво ако писмото стигнало на време... веројатно никогаш нема да дознаат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...