Friday, 15 July 2011 12:31 Занимливости

Последното продолжение на серијалот за младиот волшебник пристигна во кино салите, а фоновите ги одбраа најголемите херои, омилените негативци, незаборавните моменти, најдобрите волшебни предмети...


Професорот Северус Снејп, таинствениот мајстор за подготвување на Волшебни напивки во училиштето Хогвортс, е прогласен за најголем херој во „Хари Потер“ во изборот на MTV.



Снејп, кого во филмот го глуми британскиот актер Алан Рикман, е победник на „Светското првенство во Хари Потер“ во организација на MTV, додека во слична анкетна на страницата NextMovie, Белатрикс Лестранж е прогласена за омилен негативец, пред Драко Малфој.



Смртта на директорот на Хогвортс, професорот Албус Дамблдор е доживеана како „најнезаборавен момент“ во серијалот, за кој гласале повеќе од 36.000 испитаници.

„Смртта на Дамблдор лесно го ‘декласира’ вториот најнезаборавен момент: бакнежот меѓу Хари Потер и неговата девојка Чо Чанг, во филмот ‘Хари Потер и Редот на Фениксот’“, пренесува Reuters.



За најдобар волшебен предмет, за кој фановите посакаа да е вистински, е прогласен времевртот на Хермиона Гренџер, додека Невидливата Наметка на Хари Потер го зазеде второто место.



Невил Лонгботом е прогласен за херој кој заслужува посебен филм или книга.



Фановите на серијалот за младиот волшебник беа повикани да се изјаснат и за тоа кој од актерите ќе има најуспешна кариера во иднината. Најмногу гласови, 43%, доби Руперт Гринт (Рон Визли), а по него следат Даниел Редклиф (Хари Потер) со 22% и Ема Ватсон (Хермиона Гренџер) со 17% од гласовите.



Официјалната светска премиера на „Хари Потер и Реликвиите на Смртта: Втор дел“ е денеска, на 15 јули.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...