Friday, 15 July 2011 10:21 Занимливости

Австралијскиот суд морал да се вмеша во давање на име на едно девојче откако неговите родители две години не можеле да се договорат како ќе се вика нивното дете...


Пар од Викторија, кој порано веќе имал син, се разделил пред да се роди малата. Девојчето, кое родителите го викале со различни имиња, поради нивните игрички не била запишана ни во матичната книга на родиените, т.е. нејзиното раѓање не е законски регистрирано затоа што го имала само презимето на татко си.

Мејката на судот понудила решение на девојчето да му ги стават двете имиња, со цртичка помеѓу, но таткото не сакал ни да слушне.

Семејниот суд, откако ги сослушал сите страни и сведоци, одлучил дека две годишното девојче треба да се вика со името кое уште пред две години го избрала нејзината мајка, а со кое таткото не се согласувал задоа што сметал дека, според исламската вероисповест, е богохулно. Судот одлучил дека девојчето и понатаму ќе се служи со презимето на татко му.

Судијата Колин Форест се консултирал со професионалец околу името кое го предложила мајката и тој му кажал дека нема апсолутно ништо богохулно во тоа име.

„Затоа дојдов до заклучок дека татковото противење на името кое го избрала мајката е само уште еден негов обид да ја контролира мајката на неговите деца и начинот на кој таа ги одгледува децата“, рече судијата Форест и додаде дека судот не може да го спречи таткото и неговото семејство да го викаат девојчето поинаку, ако го сакаат тоа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...